Трамп бесен на Путин
Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.
– Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија, посочи Трамп.
Тој истакна дека царините за Русија би можеле да бидат воведени во рок од еден месец доколку не се постигне договор за прекин на огнот.
– Ова би значело дека ако купувате нафта од Русија, нема да можете да вршите економска активност во САД. Ќе има царина од 25 до 50 проценти за целата нафта, наведе Трамп.
Тој додаде дека Путин знае дека е лут, но оти и покрај тоа тие имаат „многу добри односи“ и „лутината брзо исчезнува … ако ја направи вистинската работа“.
Трамп најави дека следните денови ќе разговара со Путин.
За време на неговата претседателска кампања во 2024 година, Трамп постојано ветуваше дека ќе стави крај на, како што ја нарекува, ужасната војна во Украина, и тој е силно фокусиран на тоа прашање откако ја презеде функцијата на 20 јануари. Самиот Трамп побара нови избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор.
Путин во петокот предложи Украина да биде ставена под некаква привремена администрација за да се овозможи нови избори и потпишување на клучни договори.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството
-
Земале мито, па изготвувале документација за наводни прегледи, контроли и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице
-
Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата, 68 лица се опфатени
-
Таравари: Ако не му требам на Мицкоски подготвен сум да одам во опозиција
-
Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство