Трамп: Брисел е само почеток
редентентот за номинација на Републиканската партија во трката за Белата куќа Доналд Трамп оцени денеска дека нападите во Брисел претставуваат „само почеток“, оценувајќи дека бил во право кога предупредувал дека треба да се запре можноста терористи да дојдат во САД.
- Јас за ова веќе долго време зборувам и погледнете го сега Брисел, рече Трамп, кој миграцијата и безбедноста ги направи едни од клучните прашања во својата кампања за претседателските избори во Америка.
Во интерјву за телевизијата Фокс тој повтори дека САД треба многу добро да внимаваат кого пуштаат во земјата.
- Брисел некогаш беше убаво место, град во кој стапката на криминал беше нула. Сега тој е град катастрофа. Целосна катастрофа и мораме многу да внимаваме, рече тој, пренесува Си-Ен-Ен.
Според американскиот милијардеr Брисел некогаш бил „волшебен град“ а сега е „оружен камп“.
- Луѓето сакаат да го живеат својот живот а не да живеат во воен камп, но постои извесна група луѓе кои нормалниот живот го прават невозможен, оцени Трамп. Тој смета дека ситуацијата само ќе се влошува.
- Ќе биде се полошо и полошо. По мое мислење ова е само почеток. Ќе биде полошо бидејќи сме опуштени и блесави - жал ми е но не можеме да им дозволиме на тие луѓе да дојдат во нашата земја, жал ми е, заклучи Трамп.
Ново на Сител
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско