Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери
Американскиот претседател Доналд Трамп во објава денеска на неговата социјална мрежа Трут соушал излезе со нов напад врз неговиот украински колега Володомир Зеленски нарекувајќи го „диктатор“. Реакцијата на Трамп е реплика на синоќашната изјава на украинскиот претседател кој рече дека „Трамп живее во дезинформациски меур“ со тоа што смета дека може да издејствува мир во Украина преку директни преговори со Москва, заобиколувајќи ги Украина и Европа.
-Зеленски треба да реагира брзо или ќе остане без својата земја, напиша Трамп.
Во подолгата објава го нарече Зеленски „диктатор“ и додаде: Ја сакам Украина, но она што Зеленски го сработи е ужасно, неговата земја е скршена, и милиони загинаа непотребно.
Додаде дека САД работат на „успешни преговори за завршување на војната со Русија“.
Трамп ја насочи својата критика и кон Европа, истакнувајќи дека војната во Украина „е многу поважна за Европа отколку нам“.
-Имаме голем убав океан кој не разделува, рече тој и додаде дека Европа не успеала да донесе мир во регионот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот