Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го номинираше Стенли Вудворд, адвокат кој бранеше неколку негови врвни соработници, како и лица обвинети за упад во Капитол на 6 јануари 2021 година, да му се придружи на неговиот правен тим во Белата куќа.
Тимот на Трамп синоќа соопшти дека Вудворд ќе биде помошник и и постар советник на идниот претседател и ќе работи во тесна соработка со шефот на кабинетот на Белата куќа, функција која претходно беше номинирана за Сузан (Сузи) Вајлс.
Минатиот месец Трамп го номинираше адвокатот Дејвид Ворингтон за шеф на правната екипа на Белата куќа, менувајќи ја одлуката за претходниот кандидат Вилијам Мекгинли, кој се премести да работи со надворешна група предводена од милијардерот Илон Маск и претприемачот Вивек Рамасвами.
Трамп треба да положи заклетва и официјално да ја преземе функцијата на 20 јануари.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток