Свет
20. December 2016 - 11:16

Трамп го осуди убиството на рускиот амбасадор во Москва

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го осуди убиството на рускиот амбасадор во Москва, Андреј Карлов.

Трамп преку соопштение изрази сочувство до блиските на Карлов. 

Новоизбраниот претседател на САД изјави дека убиството било извршено од „радикален исламистички терорист“.

- Тоа е нарушување на сите правила на цивилизираниот поредок и треба да биде осудено од сите, нагласи тој. 

Трамп веќе неколку месеци повикува на подобрување на односите на САД со Русија.