Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го засили притисокот врз Русија да ја заврши војната во Украина, велејќи дека ѝ дава на Москва нов рок од 10-12 дена за постигнување напредок.
Трамп, кој е во посета на Шкотска, претходно денеска изјави дека ќе го скрати рокот од 50 дена што го постави поради неговата фрустрација од рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп го постави рокот од 50 дена претходно овој месец. Американскиот претседател постојано изразуваше незадоволство од Путин поради неговите континуирани напади врз Украина и покрај напорите на САД за завршување на војната.
Пред да се врати во Белата куќа во јануари, Трамп, кој се претставува како миротворец, вети дека ќе го заврши тригодишниот конфликт во рок од 24 часа.
Трамп се закани со нови санкции против Русија и земјите што купуваат нејзини производи доколку не се постигне договор до почетокот на септември.
Американскиот претседател, исто така, изрази незадоволство од однесувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски и не секогаш ги поткрепуваше своите остри изјави за Путин со дела, наведувајќи го она што тој го нарекува добар однос што двајцата го имале во минатото.
-Многу пати мислевме дека сме го решиле тоа, а потоа претседателот Путин почна да испукува ракети кон некој град како Киев и уби многу луѓе во дом за стари лица или нешто слично, рече Трамп. „И јас велам дека тоа не е начин“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
