Трамп ѝ се закани и на „многу болната“ Колумбија по американскиот напад врз Венецуела

По неодамнешните дејствија на САД против Венецуела, претседателот Доналд Трамп вчера ја насочи својата реторика кон Колумбија, упатувајќи нови предупредувања, според извештаите на ДПА.
За време на разговор со медиумите, Трамп ја окарактеризира Колумбија како „сериозно проблематична“ и изјави дека земјата е под водство на „болен човек кој сака да произведува кокаин и да го пласира на американскиот пазар“.
„Тој нема да може да го прави тоа подолго време“, нагласи Трамп, без дополнително појаснување на својата изјава.
Трамп претходно повеќепати остро ги критикуваше политиките на колумбискиот претседател Густаво Петро, но не го спомена по име за време на својот разговор со новинарите на пат кон Вашингтон, по поминатиот одмор во Флорида. Ова го истакнува германската новинска агенција.
На прашање на новинар дали се планира воена акција против Колумбија, Трамп одговори: „Тоа звучи како добра опција“.
САД во раните часови на саботата извршија воздушни напади врз цели во Венецуела, при што беше приведен претседателот Николас Мадуро и итно префрлен заедно со неговата сопруга надвор од земјата.
Тој се очекува да се соочи со судски процес во Њујорк под обвинение за трговија со дрога, потсетува ДПА. Колумбија, која граничи со Венецуела, е позната како значаен производител на кокаин.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
