Трамп изјави дека војната во Иран е „многу блиску до крајот“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната во Иран се приближува кон својот крај, според извадоци од интервју за „Фокс Њуз“ објавени однапред.
– Мислам дека е блиску до крајот. Да. Мислам, јас го гледам тоа како нешто што е многу блиску до завршување – рекол Трамп, според коментарите што синоќа на Х ги објави водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо.
Трамп изјави дека доколку САД се повлечат сега, на Иран би му биле потребни 20 години за повторно да се изгради. „И не сме завршиле. Ќе видиме што ќе се случи“, рече тој, додавајќи дека верува оти Иран е заинтересиран за постигнување договор.
Претходно, Трамп даде нејасни изјави за можна нова рунда преговори, додека во конфликтот моментално во сила е двонеделен прекин на огнот, пренесе ДПА.
– Нешто би можело да се случи во следните два дена во Исламабад – изјави тој во телефонско интервју за „Њујорк Пост“, без да даде дополнителни детали.
Првата рунда преговори меѓу САД и Иран во пакистанскиот главен град заврши без договор минатиот викенд. Според непотврдени медиумски извештаи, следна средба би можела да се одржи уште утре.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
