Свет
16. August 2016 - 8:25

Трамп ја спореди Клинтон со Меркел

Кандидатот на Републиканската партија за претседателските избори во САД, на предизборниот митинг во Висконсин, ја спореди демократската кандидатка Хилари Клинтон со германската канцеларка Ангела Меркел поради миграционата политика која ја води. 

- Хилари Клинтон сака да биде Ангела Меркел на Америка, а вие знаете какви катастрофи и донесе на Германија и германскиот народ масовната миграција. Криминалот се зголеми во невидени размери, истакна Трамп. 

Републиканскиот кандидат ги посочи насоките на надворешната политика, кои ќе следат, доколу стане претседател на САД. 

Една од неговите мерки е спречување на миграцијат од опасните реони во светот.