Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја спореди пресудата против француската крајнодесничарска лидерка Марин Ле Пен со неговите сопствени судски процеси во САД. Тој изјави дека петгодишната забрана за Ле Пен да се кандидира на избори е „многу сериозно прашање“.
– Ова ме потсетува на нашата земја, многу личи на она што се случува кај нас, рече Трамп, кој минатата година беше осуден во случајот за скриени исплати кон порно актерка.
Тој, исто така, изрази уверување дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја „исполни својата страна од зделката“, откако вчера го изрази своето незадоволство од пречките што го забавуваат мировниот договор меѓу Русија и Украина.
– Мислам дека тој ќе го исполни тоа што ми го кажа. И верувам дека сега ќе ја исполни својата страна од зделката. А потоа и (Володимир) Зеленски, се надевам, ќе ја исполни својата, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Ново на Сител
-
Лидерите на институциите на ЕУ изрази жалење за смртта на папата Франциск
-
Папата Франциск сакаше поедноставена процедура за погреб
-
Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина
-
Францускиот претседател Макрон пристигна во прекуокеанскиот департман Мајот
-
Пентагон ги oтфрли извештаите дека Хегсет споделил доверливи информации за апликацијата за пораки Сигнал
-
Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник
-
Почина папата Франциск
-
Приведени три лица кои возеле под дејство на алкохол