Трамп: Кина би можела да ја заземе американската база Баграм во Авганистан
– Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека Кина наскоро ќе ја преземе воздухопловната база Баграм во Авганистан, доколку веќе не го сторила тоа.
– Го намаливме контингентот на 2.000 војници, но јас би го задржал Баграм (воено воздухопловна база во источен Авганистан). Ова е одлична воздухопловна база, во неа инвестиравме милијарди долари. Не ја задржавме поради Авганистан, туку ја задржавме бидејќи е еден час до местото каде Кина произведува нуклеарно оружје. Но, ние заминавме само за една ноќ, истакна тој вчера на конгресот на Националната асоцијација за оружје на САД во Хјустон, Тексас.
– Само помислете, инвестиравме милијарди и милијарди долари и сега базата наскоро ќе биде преземена од Кина, ако веќе не го сторила тоа, додаде Трамп.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена