Свет
11. March 2025 - 20:50

Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на прифаќањето на 30-дневниот прекин на огнот од страна на Украина и потврди дека САД наскоро ќе одржат состанок со Русија – подоцна денеска или утре.

Трамп најави и дека повторно ќе го покани Володимир Зеленски во Белата куќа, велејќи: „Сакаме да ставиме крај на војната во Украина“.

Зеленски му се заблагодари на американскиот тим за конструктивните разговори во Саудиска Арабија.

Украинскиот претседател рече дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот се однесува на линијата на фронтот, а не исклучиво на воздухот и морето, пишува skynews.

„Американската страна ги разбира нашите аргументи, ги прифаќа нашите предлози и сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за конструктивноста на разговорите меѓу нашите тимови“, рече тој во изјавата за Телеграм.