Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да разговара со неговиот руски колега Владимир Путин оваа недела, но додаде дека „за танго се потребни двајца“.
Ова следува откако Украина денеска го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, по разговорите меѓу двете земји во Саудиска Арабија.
Трамп додаде дека се надева оти Русија ќе го прифати планот за прекин на огнот кој беше изготвен од американски и украински официјални претставници.
– Само што го договоривме ова пред малку. Се надевам дека и претседателот Путин ќе се согласи, за конечно да го ставиме овој процес во движење, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.
– Ако успееме да ја убедиме Русија, тоа ќе биде одлично. Ако не, ќе продолжиме и многу луѓе ќе загинат, предупреди тој.
Трамп, исто така, потврди дека ќе го покани украинскиот претседател Володомир Зеленски во Белата куќа.
.Двајцата лидери имаа остар судир за време на состанокот во Овалната соба минатиот месец, но Трамп потврди дека ќе го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно во Белата куќа.
„Мислам дека сега ќе има голема разлика од последната посета во Овалната соба“, додаде Трамп.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ