Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека би можел да се приклучи на евентуалната средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, која е закажана за четврток во Турција, со посредство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Имено, зборувајќи денеска во Белата куќа, Трамп рече дека верува оти состанокот има потенцијал да донесе резултати, но дека сè уште не знае дали ќе патува лично.
Не го потценувајте четвртокот во Турција. Претседателот Ердоган е одличен домаќин. Со него работиме и на прашањето за Сирија… Мислам дека би можеле да имате добар состанок, постои потенцијал за добар состанок. Средбата не требаше да се одржи, а јас инсистирав да се случи… Можеби ќе добиеме добар резултат од тој четврток во Турција… Верувам дека двајцата лидери ќе бидат таму. Размислував да летам. Не знам каде ќе бидам во четврток, имам толку многу состаноци… Но, постои можност, претпоставувам, ако мислам дека нешто може да се случи“, рече Трамп.
Во моментов не е јасно дали Трамп е сериозен во врска со неговото пристигнување во Истанбул.
Нема официјална потврда од Белата куќа за неговото заминување.
Ново на Сител
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
-

12-годишно девојче паднало од тротинет и тешко се повредило
-

19-годишник го претепал детето на сестра му
-

Трет танкер поврзан со Иран влезе во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
