Свет
3. September 2017 - 21:53

Трамп на состанок со Советот за национална безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе има вонреден состанок денеска со Советот за национална безбедност во Белата куќа по новиот нуклеарен тест на Северна Кореја.

- Претседателот и неговиот тим за национална безбедност ќе одржат состанок за да разговараат за понатамошни чекори, најави во соопштение портпаролката на Белата куќа Сара Сендерс.

Претходно Трамп остро го осуди нуклеарниот тест и рече дека Сeверна Кореја „ќе разбере само едно нешто“.

САД се подгтовуваат за нови санкции спрема Северна Кореја, најави денeска министерот за финансии Стивен Мнучин.