Свет
5. јуни 2017 - 9:16

Трамп нападот во Лондон го нарече масакр

Американскиот претседател Доналд Трамп нападот во Лондон го нарече масакр и изјави дека САД ќе сторат се што е во нивна моќ за да и помогнат на Велика Британија да ги изведе виновниците пред суд. 

- Ова крвопролевање мора да запре. На ова крвопролевање ќе му биде ставен крај, рече Трамп во куса изјава по гала вечерта во театарот „Форд“ во Вашингтон, каде е убиен Абрахам Линколн.

- САД ги испраќа нашите мисли и молитви и најдлабоко сочуство кон жртвите на тој масакр. Повторно ја изразуваме нашата одлучност, посилна од кога и да е, да ги заштитиме САД и нивните сојузници од подлиот непријател, кој води војна против невини. Таа трае премногу долго. Јас како претседател ќе сторам се што е потребно, за да ја спречам таа закана да се прошири на наша тетиорија. Ќе работам секој ден за да ја заштитам безбедноста на нашата земја, нашата заедница, нашиот народ, додаде тој.