Трамп не сакаше да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти

Претседателот на САД, Доналд Трамп на денешниот брифинг со новинарите во Белата куќа одби да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни постројки.
-Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам тоа. Никој не знае што ќе правам, истакна Трамп.
Тој изрази жалење поради тоа што Иран не се согласил на договор пред истекот на рокот од 60 дена. Трамп тврди дека Иран сега е заинтересиран да преговара, но според него „сега е многу доцна за разговор“ и повтори оти Техеран треба „безусловно да се предаде“.
-Потоа ние ќе ги дигнеме во воздух сите нуклеарни објекти (во Иран), посочи Трамп.
Тој, запрашан за синоќешниот телефонски разговор со Бенјамин Нетанјаху, наведе дека израелскиот премиер „е добар човек“ кој „добро си ја врши работата“ и оти му порачал „да продолжи“.
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
