-->
-->
Трамп: Нема да дозволиме да се дојде до трета светска војна
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата средба со францускиот лидер Емануел Макрон е важен чекор напред во насока на постигнување примирје меѓу Русија и Украина.
Трамп додаде дека верува оти Макрон се согласува со него за многу од најважните прашања, вклучувајќи ја и изјавата дека ова е многу интересна и застрашувачка ситуација која може да се претвори во трета светска војна, јави Гардијан.
- Нема да дозволиме тоа да се случи. Војната никогаш не требаше да започне, но почна и сега е страшен, ужасен крвав хаос, рече американскиот претседател.
Двајцата лидери вчера имаа средба во Овалната соба на Белата куќа. Посетата на Макрон на Вашингтон дојде на третата годишнина од почетокот на војната во Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД