Трамп: Немам ништо заедничко со Русија
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека Русија никогаш не се обидела да влијае врз него и ги обвини разузнавачките служби за објавените тврдења во медиумите, дека Москва има компромитирачки информации за него.
- Разузнавачките служби никако не требаше да дозволат протекување на лажни вести во јавниот простор. Последен истрел кон мене. Во нацистичка Германија ли живеам, истакна Трамп на првата прес-конференција по шест месеци.
Трамп и на Твитер напиша - „Русија никогаш не се обидела да влијае врз мене. НЕМАМ НИШТО ЗАЕДНИЧКО СО РУСИЈА - НИТУ БИЗНИС, НИТУ ЗАЕМИ, НИШТО НЕМАМ“.
Претходно и официјална Москва соопшти дека нема компромитирачки информации за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, ниту за неговата ривалка Хилари Клинтон.
– Кремљ нема компромитирачки информации за Трамп. Тоа е тотално блефирање, апсолутно фабрикување, целосна бесмислца, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Тој додаде дека цел на таквите обвувања е да се нанесе што поголема штета на американско-руските односи.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик