-->
-->
Трамп: Ништо не е направено незаконски
-->
„Нема случај“ напиша поранешниот американски претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ (Truth Social) за денешното обвинение против него во судот во Мехетен во Њујорк и додаде дека „ништо не е направено незаконски“.
Притоа во пораката на социјалната мрежа Трамп го обвини окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег, дека го затворил градот и довел 38.000 њујоршки полицајци.
Трамп на враќање од Њујорк на за Флорида потврди дека вечерва ќе одржи говор на неговиот луксузен имот во Мар-а-Лаго.
„Сослушувањето беше шокантно за многумина бидејќи немаше изненадување, а со тоа и случај. Речиси секој правен експерт рече дека овде нема случај. Ништо не е направено незаконски!“, напиша Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
