Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
Американски претседател Доналд Трамп изјави дека Палестинците нема да имаат право на враќање во Газа како дел од неговиот план за раселување.
Во интервју за „Фокс њуз“, на прашањето дали Палестинците би имале право да се вратат во своите домови во Газа, Трамп одговори: Не, не би имале право, бидејќи би имале многу подобро место за живеење, рече тој.
Тој додаде дека планира изградба на трајни живеалишта за раселените, бидејќи „на Газa ќе ѝ бидат потребни години за да стане повторно населива“.
Трамп минатата недела, за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, најави дека САД ќе ја преземат контролата врз Појасот Газа, ќе ги урнат уништените згради и ќе го развијат регионот економски, при што палестинското население ќе биде раселено. Овие изјави предизвикаа осуда од бројни земји низ светот.
Трамп повтори дека Палестинците можат да се населат во Јордан или Египет, и покрај противењето на тие земји, како и на самите Палестинци.
Во интервјуто, кое во целост ќе биде објавено вечерва, американскиот претседател рече дека САД ќе градат „прекрасни заедници“ за околу два милиони жители на Газа.
- Тие би можеле да имаат пет, шест или две. Но, ние ќе изградиме безбедни заедници, малку подалеку од местото каде што се наоѓаат, каде што е целата таа опасност, додаде Трамп.
Посветен сум на купување и поседување на Газа. Кога станува збор за нејзината обнова, би можеле да ја дадеме на други земји на Блискиот Исток за да изградат делови од неа. Други луѓе би можеле да го направат тоа под наше покровителство. Но, ние сме посветени да ја поседуваме, да ја преземеме и да се погрижиме Хамас да не се врати, рече Трамп, без да објасни од кого ќе ја купи Газа или како САД ќе ја поседуваат територијата.
Тој вети дека „ќе се грижи за Палестинците“.
- Ќе се погрижиме тие да живеат убаво во хармонија и мир и да не се убиваат меѓусебно, рече Трамп.
- Тие не сакаат да се вратат во Газа, тие се враќаат само затоа што немаат алтернатива, оцени американскиот претседател во интервјуто за Фокс Њуз.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари