Трамп планира депортација на 240.000 Украинци

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го укине привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои избегаа во САД по руската инвазија, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на високи функционери и извори запознаени со планот.
Одлуката, која треба официјално да биде објавена во април, е дел од пошироката стратегија на Трамп за укинување на привремените хуманитарни програми од времето на претседателот Џо Бајден. Според истите извори, на удар ќе бидат и 530.000 мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, кои исто така може да бидат депортирани по забрзана постапка.
Американската имиграциска и царинска служба веќе испрати интерно известување во кое се наведува дека мигрантите кои влегле во земјата преку овие хуманитарни програми немаат заштита од депортација.
Покрај Украинците, потенцијално погодени се и 70.000 Авганистанци кои пристигнаа во САД по повлекувањето на американските трупи од Авганистан, како и уште околу еден милион мигранти кои добиле дозвола за привремен влез преку разни програми за обединување на семејства
Ново на Сител
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Финансиска полиција со кривична против претседателот на Регулаторна, Бислимовски тврди дека постапките биле законски
-

ИЈЗ: Се намалува бројот на болни од грип, но ширењето на вирусот се уште е со среден интензитет
