Свет
29. November 2017 - 19:59

Трамп побара од Си да ја убеди Северна Кореја да престане со провокации

 

Американскиот претседател денеска побара од неговиот кинески колега Си Џинпинг да изврши притисок врз Северна Кореја, откако Пјонгјанг соопшти дека спроведе ново тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, соопшти Белата куќа. 

- Трамп ја нагласи потребата Кина да ги употреби сите достапни механизми со цел да ја убеди Северна Кореја да престане со провокациите и да се врати на целосно денуклеаризирање, наведе Белата куќа, по телефонскиот разговор на Трамп со Си. 

При разговорот, кинескиот претседател му порачал на Трамп дека одржувањето на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров е непоколеблива цел на Пекинг.