Трамп: Полицијата убива повеќе белци отколку Афроамериканци
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера го минимизира обемот на полициско насилство врз Афроамериканците, изјавувајќи дека полицајците убиваат „повеќе белци“, пренесоа светските агенции.
Во интервју за Си-Би-Ес њуз Трамп беше запрашан зошто Афроамериканците продолжуваат да умираат во рацете на полицијата.
-И белците, исто така, и белците, исто така. Какво ужасно прашање. И белците. Повеќе белци. Повеќе белци“, одговори тој.
Полициското насилство врз Афроамериканците е во центарот на вниманието во САД откако на 25 мај почина Џорџ Флојд за време на апсењето во Минеаполис, откако полицаец му клекна со коленоот на вратот.
Смртта на Флојд доведе до протести низ САД и низ светот.
Според анализата на „Вашингтон пост“, половината од лицата кои се убиени од полициските сили навистина се белци, но смртта на Афроамериканците е непропорционална затоа што тие се помалку од 13 проценти во вкупното американското население.
Ново на Сител
-
Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје
-
Трнливиот пат и бурите од Пакистан до Македонија на бегалецот Алириза Куреши
-
Прилепчани со велосипед од Цирих
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи