Трамп потврди дека ќе стави вето над буџетот за одбрана
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе стави вето на буџетот за одбрана усвоен во петокот од Конгресот.
– Кина ќе има најголема корист од нашиот нов закон за одбрана! Јас ќе ставам вето”, наведе американскиот претседател на Твитер.
Претседателот не се согласува до тоа дека законот за финансирање на Пентагон отвора можност за преименување на воените бази именувани по генерали од Конфедерацијата кои се бореле за зачувување на ропството.
Буџетот за одбрана на САД од 740,5 милијарди американски долари беше изгласан со огромно мнозинство во Претставничкиот дом и со 84 спрема 13 гласови во Сенатот, супер мнозинство за надминување на претседателското вето
Проектот предвидува и санкции против руските гасоводи „Северен поток-2“ и „Турски поток“, како и против Турција за руските ПВО системи С-400.
Во текстот се наведува и дека 250 милиони долари (во споредба со 300 милиони претходната година) ќе и бидат доделени на Украина во рамките на иницијативите за безбедносна соработка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
