Трамп: САД се подготвени да одговорат за нападите врз Саудиска Арабија
САД се подготвени да одговорат на нападите врз саудиските нафтени инсталации, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од западните агенции.
„Има причини да веруваме дека знаеме кој е виновникот. Подготвени сме да одговориме, но ќе го почекаме саудиското кралство да ни каже кого смета за одговорен за овој напад и под каква форма да реагираме“, напиша Трамп на Твитер.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во саботата го обвини Иран дека стои зад нападите. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, обвинението го нарече „апсурдно“.
Во друг твит Трамп ги демантираше информациите дека е подготвен да се сретне со иранското државно раководство без претходни услови.
„Неточните вести велат дека сум подготвен да се сретнам со Иран ’без услови’. Тоа е неточно тврдење (како што е вообичаено)“, напиша Трамп
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН