Свет
18. јуни 2020 - 10:19

Трамп: Санкции за Кина поради репресија врз Ујгурите

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог-закон за воведување санкции кон Кина поради репресија на Пекинг врз кинеското ујгурско малцинство со муслиманска вероисповед.

Во исто време, контроверзната книга на поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, која крена голема прашина во Вашингтон, објави сведочења за тоа како Трамп наводно ја охрабрил Кина да не ги затвора присилните работни логори за малцинските групи.