Трамп се откажа од намерата Мексико да плати за изградбата на ѕид на границата

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, се откажува од еден важен дел од своите предизборни ветувања и нема да се обидува да ја натера Владата на Мексико да плати за ѕидот што тој планира да го гради долж границата меѓу двете соседни земји, пренесе ТАСС.
Телевизијата Си-Ен-Ен цитира членови на Претставничкиот дом, според кои, екипата на Трамп, по долги дискусии решила проектот да се финансира од американскиот буџет. За таа цел новоизбраниот претседател ќе побара средства од Конгресот.
Републиканците во Конгресот и екипата на Трамп разгледуваат дали можат да го изградат ѕидот без да донесат нов закон за оваа цел, јавуваат американските медиуми.Според планот на администрацијата, може да се смета на постојните одредби што ја одобруваат градбата на прегради и распоредување технологија долж јужната граница.
Трамп од Конгресот ќе побара да обезбеди доволно средства за преземање на нови чекори, но нема да протуркува посебен закон, што ќе ја одобрува градбата на новиот ѕид.
Ваквиот пристап, меѓутоа, може да доведе до обвиненија дека го заобиколува Конгресот и презема еднострани дејствија - однесување за кое тој досега го обвинуваше претседателот во заминување Барак Обама, потсетуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
