Трамп: Северна Кореја е голем проблем кој треба да биде решен
Северна Кореја претставува „голем проблем“ кој треба да биде решен, изјави рано изутринава американскиот претседател Доналд Трамп при пристихнувањето во посета на Јапонија, која е прва етапа од неговата неколкуденвна азиска турнеја.
Трамп оцени дека во врска со Северна Кореја меѓународната заедница во последниве 25 години покажала „целосна слабост“, па затоа тој проблем ќе заземе важно место во неговите разговори со азиските лидери со кои ќе се сретне за време на турнејата.
Трамп додаде дека за време планира средба и со рускиот претседател Владимир Путин, од кого, како што рече, очекува „помош за Северна Кореја“.
Уште преходно беше најавено дека Трамп и Путин „најверојатно“ ќе имаат билатерална средба за време на Самитот на Организацијата за Азиско-пацифичка соработка, што ќе се одржи на 11 и 12 ноември во Виетнам.
По пристигнувањето во воената база „Јокота“ во блзина на Токио, Трамп нагласи дека американско-јапонскиот сојуз претставува доказ за „моќта на слободата за трансформација“, дидавајќи дека иако двете земји војувале во минатото, денес се пријатели и партнери „во напорите за изградба на подобар свет“.
Трамп од базата отпатува на средба со премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе во еден голф комплекс во блзината на Токио. каде имаа заеднички ручек со јапонскиот голф играч Хидеки Мацујама. На влезот во ресторанот стоеше натпис со пораката: „Донакд и Шинѕо направете го сојузот уште поголем“.
Покрај, Јапонија и Виетнам, во рамки на азиската турнеја, Трамп ќе ги посети и Јужна Кореја и Кина.
Ново на Сител
-
Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји
-
Кошта: Членките на ЕУ и НАТО се подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана на над два отсто од БДП
-
Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести
-
Пакистанец ја убил својата ќерка тинејџерка поради видео на ТикТок
-
Таравари најави и други акции за откривање злоупотреби од здравствени работници, повика да бидат коректни
-
Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп за депортациите
-
Студентите од Белград тргнаа на протестен марш кон Нови Сад
-
Тетово: Полицајци пукале во воздух откако 32-годишник удрил во полицаец па се дал во бегство