Трамп: Средба во Будимпешта само со САД и Русија, но ќе бидеме во контакт со Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон изјави дека претстојната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Будимпешта, Унгарија, ќе биде само за две земји, но истакна дека САД ќе бидат во контакт со Зеленски.
- Тоа ќе биде двонасочна средба. Но, претседателот ќе биде во контакт со Зеленски. Има многу лоши односи меѓу двајцата претседатели и не претерувам кога го велам тоа, рече Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.
Вчера, по двочасовен разговор со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп објави дека двајцата ќе се сретнат во Будимпешта во наредните недели, иако точниот датум сè уште не е одреден.
Претседателот Трамп, исто така, за време на средбата објави дека ќе разговара со Зеленски за нови можности што ќе ѝ овозможат на Украина да напаѓа цели подлабоко на руска територија.
- Ќе разговараме за тоа. Тоа е темата пред нас. Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа денеска, рече Трамп.
Во исто време, Трамп не изрази став за прашањето дали Украина ќе мора да отстапи делови од својата територија како дел од мировниот договор со Русија.
- Никогаш не се знае. Војната е многу интересна. Никогаш не се знае. Едноставно никогаш не се знае, со војна, војна и мир, никогаш не се знае, нагласи Трамп.
На прашањето на американските новинари дали мисли дека може да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната, Трамп одговори потврдно, односно дека може да го убеди Путин.
Иако директно не ги спомена ракетите Томахавк, американските медиуми објавија дека овие ракети со долг дострел од американско производство биле во центарот на денешните разговори.
На почетокот од средбата, Трамп нагласи дека му е чест да биде домаќин на, како што рече, „силен лидер“ и „човек кој поминал низ многу“.
„Голема работа е што вчера имавме важен телефонски разговор со претседателот Путин. И ќе разговараме за тоа“, рече Трамп, додавајќи дека Зеленски „изгледа одлично во јакната“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на САД Доналд Трамп се сретнаа денеска во Белата куќа во Вашингтон, на нивната трета средба оваа година.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
