Трамп: Сведочењето на Малер е штетно за демократите

Американскиот претседател Доналд Трамп, по сведочењето на поранешниот специјален истражител Роберт Малер пред Конгресот, оцени дека „Републиканската партија имала убав ден“, додека истрагата за соработката на неговиот изборен штаб со Русија ја нарече „лов на вештерки“ и „измама“.
Трамп кажа и дека Малер, кој пред конгресмените потврди дека претседателот не го ослободил од сомнеж, вчера немаше добар настап пред два одбора на Претставничкиот дом и дека тоа негативно ќе влијае на шансите на демократите во изборната кампања 2020 година, пренесува Гласот на Америка.
-Денеска имавме многу убав ден, Републиканската партија, нашата земја. Не постои одбрана за тоа што Роберт Малер се обиде да брани. Мислам дека сите разбираат дека нема одбрана од оваа смешна измама, овој лов на вештерки, што трае веќе предолго, рече Трамп.
Ново на Сител
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
