Трамп тврди дека не размислувал да ја вовлече армијата за да остане на власт
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш не размислувал за помош од армијата за да остане на власт по неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година, се наведува во вчерашното соопштение објавено од републиканскиот политичар.
„Иако … Многу луѓе рекоа дека треба да ја активираме војската, јас никогаш не размислував за тоа. Значи, немаше пуч или разговор за такво нешто. Сето тоа е глупост од лажни писатели на вести и од еден генерал, кој нема поим за тоа“, се посочува во соопштението.
Претходно, телевизијата Си-Ен-Ен објави извадоци од новинари на Вашингтон пост под наслов „Јас можам сам да поправам: Катастрофалната последна година на Доналд Tрамп“ во која се тврди дека американски генерали, вклучително и претседателот на Советот на началници на вооружените сили на САД, Марк Мили, разговарале за можноста да поднесат оставка ако Трамп, кој во тоа време се уште беше шеф на Белата куќа, започне да дава опасни или незаконски наредби , како на пример да се подготви за државен удар во земјата.
Според авторите на книгата, генералот Мили повеќепати изразил загриженост дека приврзаниците на Трамп може да подготват државен удар.
Ново на Сител
-

Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY
-

Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
