Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин се согласил со неговото барање Русија да не го напаѓа главниот град Киев и другите градови во Украина.
Зборувајќи на состанокот на неговиот кабинет, Трамп објасни дека го замолил Путин да го стори тоа поради рекордно студеното време.
Температурата во Киев е под нулата, а следната недела се очекува студен бран, како резултат на што термометрите во украинската престолнина ќе забележат вредности до минус 20 Целзиусови степени.
Американскиот претседател најави голем напредок во трилатералните мировни преговори во кои учествуваат двете страни во конфликтот и САД.
Специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, во меѓувреме, објави дека овие разговори ќе продолжат за околу една недела.
Првата рунда се одржа во Абу Даби во петокот и саботата.
Виткоф рече дека прашањата за идните гаранции за безбедноста и просперитетот на Украина се во голема мера решени. Страните продолжуваат да преговараат за териториите, додаде тој.
Главната пречка во преговорите е барањето на Москва украинската армија да се повлече од делот од Донбас што руската армија не го освоила.
Најмалку шест лица беа убиени во руските напади во неделата во југоисточна Украина – три во Запорошка област, две во Херсон и едно во Дњепропетровската област, поточно во родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Криви Рих.
Русија често го напаѓа родниот град на Зеленски од почетокот на војната, која избувна пред речиси четири години.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
