Трамп: Верувам дека има решение за кризата со Северна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг изрази увереност дека има решение на кризата со Северна Кореја.
- Верувам, како и Вие, дека има решение за тоа, му порача Трамп на Си, имајќи ја предвид Северна Кореја.
САД и Кина заедно можат да ги решат светските проблеми „за многу, многу идни години“.
- Верувам дека можеме да ги решиме повеќето од нив, а веројатно и сите, додаде тој.
Си на Трамп му порача дека соработката меѓу двете земји е единствен правилен избор и оти однoсите меѓу Кина и САД навлегле во нова историска почетка точка.
- Сметаме дека кинеско-американските односи се важни за благосостојбата на народите на двете земји, како и за мирот, просперитетот и стабилноста на светот, изјави кинескиот претседател.
Тој додаде дека Кина сака да работи со САД за Северна Кореја, Авганистан и за други меѓународни проблеми.
Двајцата претседатели во Пекинг потпишаа и повеќе трговски договори во вредност од 253,4 милијарди долари. Потпишани се договори од областа на енергетиката, производство на автомобили, аеронаутика, прехранбената индустрија и електроника.
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот