Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран

САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денеска за „Њујорк пост“. Изјавата доаѓа додека разговорите тивко продолжуваат, откако американската делегација минатиот викенд ги заврши маратонските преговори во Исламабад без договор.
„Слушајте, работите се движат напред, но, знаете, доста бавно“, рече Трамп во телефонски разговор. „Работите се подобруваат, но не мислам дека нашиот состанок сепак ќе се одржи таму. Веројатно ќе избереме друга локација, веќе имаме една на ум.“
Кога го прашаа дали Турција се разгледува како можна локација, со оглед на нејзините односи и со САД и со Иран, Трамп одговори: „Не, туку нешто поцентрално. Можеби Европа.“
Осврнувајќи се на европските лидери, претседателот рече дека тие не направиле ништо за да помогнат во повторното отворање на Ормуската Теснина.
„Тие не прават ништо, само одржуваат состаноци. Единственото нешто што го прават е да се состануваат“, рече тој. „Тие би сакале да го решат тоа, но едноставно не знаат како. Тие се хартиени тигари.“
Меѓутоа, кратко по разговорот со новинар од „Пост“, претседателот Трамп повторно се јави и најави можен пресврт.
„Всушност, почекајте, бидејќи нешто може да се случи во следните два дена. Секако сме сè повеќе наклонети да одиме таму“, рече тој, осврнувајќи се на Пакистан.
Тој го објасни своето премислување со добрата работа на пакистанското воено раководство. „Сега е поверојатно. И знаете зошто? Бидејќи фелдмаршалот одлично си ја врши работата“, рече Трамп, мислејќи на пакистанскиот фелдмаршал, генерал Асим Мунир, со кого воспостави добри односи минатата година за време на кратката војна меѓу Пакистан и Индија, која заврши со договор постигнат со американско посредништво.
„Тој е фантастичен и затоа е поголема веројатноста да се вратиме таму“, додаде Трамп. „Зошто би оделе во земја што нема никаква врска со тоа?“
МИА
Ново на Сител
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
-

Трамп ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан
-

Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците
-

Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија
-

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу кои и поранешниот градоначалник
