Македонија
29. March 2024 - 16:54

Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем

Популистичка мерка која ќе го дестабилизира пензискиот систем и ќе се доведе во прашање навремената исплата на пензиите. Вака дополнителната заменичка во труд и социјала и кандидатка за пратеник од СДСМ, Јованка Тренчевска, го коментира ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ ако дојдат на власт дека линеарно ќе ги зголемат пензиите за по 5000 денари. Според неа ако се направи ова дефицитот од сегашните 32 за една година ќе се качи на 52 проценти. 

- Затоа што не може Фондот за пензиско да генерира толку многу приход, дури и преку намалување на сивата економија, како што најавуваат. Состојбата на пазарот на труд ја знаеме, нема доволно работници за да се вклучат во пазарот на труд, за да може да се зголеми приходот во Фондот. Но, колку и да се зголеми, дефицитот сепак ќе оди многу нагоре, изјави Јованка Тренчевска од СДСМ.

Вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на Сител изјави дека зголемувањето на пензиите за по 5000 денари е реално според нивната програма. Пари ќе обезбеделе со кратење на непродуктивните трошоци.