Трет брод нападнат во Ормуски Теснец

Уште еден брод е погоден во Ормуски Теснец. Претходно агенциите за поморска безбедност соопштија дека денеска во теснецот погодени се два брода од непознати проектили.
Третиот нападнат брод, кој превезувал товар на големо, бил погоден околу 50 милји северозападно од Дубаи. Ракетата го оштетила трупот на бродот „Стар Гвинет“, што пловел под знамето на Маршалските Острови. Екипажот на бродот е безбеден.
Претходно беше објавено дека на 11 наутички милји северно од брегот на Оман погоден е тајландскиот брод „Мајуреа Нари“. По нападот избил пожар, поради што останал само неопходниот дел од екипажот.
Додека јапонскиот брод „Уан Маџести“ исто така бил погоден од непозната ракета на 25 наутички милји северозападно од Рас Ал Хаима во Обединетите Арапски Емирати. Бродот претрпел само мала материјална штета, но сите членови на екипажот се безбедни.
Поради војната на САД и Израел против Иран, Ормуски Теснец практично е затворен за сообраќај. Танкерите повеќе од една недела не минуваат низ теснецот, а производителите се принудени привремено да ја прекинат експлоатацијата додека се полнат складиштата.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
