Трет планинарски марш Голак 2017
Викендов планината Голак ќе биде домаќин на стотина планинари од Македонија и Бугарија организирани на дводневниот планинарски марш „Голак 2017“.
Годинашниов марш е посветен на првиот учител по спортско образование во Делчево Никола Боински.
Како што истакна на денешната прес-конференција Љупчо Чучуковски, претседател на ПСД „Голак“ од Делчево и организатор на настанот, досега за учество се пријавиле четири планинарски друштва од Бугарија и пет од Македонија.
- Досега се пријавија планинари од соседна Бугарија и тоа од градовите Карлово, Самоков, Пештера и Софија, како и од Македонија од Скопје, Велес, Штип и Берово, но очекувам до сабота да го потврдат своето учество уште неколку планинарски друштва, рече Чучуковски.
Додаде дека рутата ќе ги води планинарите по сите раритетни места низ планината Голак.
- Тргнуваме на 12 август, в сабота и тоа појдовна точка ќе ни биде новиот црковен храм во Делчево на 595 метри надморска висина, по што ќе продолжиме до манастирот Св. Богородица Балаклија и сѐ до Голак до врвот Чавка на 1.536 метри надморкса висина, каде ќе го посетиме манастирот „Св. Пантелејмон“. Логорот ќе биде поставен покрај спортските терени на 1.400 метри надморска висина, каде е организирана и забава и дружење со планинарите, истакна Чучуковски.
Чучуковски истакна дека маршот кој полека станува традиционален и е единствен во Пијанец, има единствена цел, а тоа е промоција на планината Голак како атрактивна дестинација за љубителите на планината и омасовување на планинарењето како рекреативен спорт во Делчево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга