Трета акција „Старо донеси, ново однеси“

Околу 100 тони електронски отпад од кои најмногу мали апарати како пегли, фенови, стари мобилни телефони, стари телевизори и компјутерски монитори се собрани во акцијата „Старо донеси, ново однеси“ во изминатите две акции на Техномаркет и Нула Отпад
Овие две компании по третпат во период од еден месец ќе овозможат замена на стариот електричен апарат со набавка на нов со поволни услови. Висината на вредноста на ваучерот зависи од тоа дали граѓаните своите стари уреди сами ќе ги достават во Техномаркет или ќе биде побарано од нивна страна да бидат преземени.
Еко акцијата „Старо донеси, ново однеси“ е во согласност со Законот за управување со електрична и електронска опрема според кој електричниот и електронскиот отпад треба да се складира на соодветни места. Во спротивно, Законот предвидува казни од 60 евра за фрлање електронски отпад на несоодветно место.
- Ние како Друштво за управување со отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори, во склоп со нашата општествена одговорност водиме грижа за околината и токму затоа заедно со Техномаркет ги охрабруваме граѓаните да се вклучат директно во кампањата. На овој начин не само што и тие самите ќе бидат општествено одговорни за својата животна средина, туку ќе имаат и бенифит. Очекуваме и овој пат да се собере што поголема количина опасен отпад, и се придонесе за ефективна реализација на целокупната еко акција, појасни Марјанчо Дамески, управител на Нула Отпад.
Акцијата за предавање на електронскиот и електричниот отпад ќе трае до 19 јуни.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
-

Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала
-

Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје
-

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
-

Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин
-

Израел се придружува кон двонеделниот прекин на напади врз Иран, но Либан е исклучен од примирјето
-

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество
