-->
-->
Трета шампионска титула за Црвена Звезда во АБА лигата
-->
Кошаркарите на белградска Црвена Звезда и по третпат во низа ја освоија шампионската титула во регионалната АБА лига.
Црвено-белите го добија и третиот меч од финалето во регионалното натпреварување, откако вечерва во Загреб ја победија Цедевита со 77-61.
Томсон со 14 поени беше најефикасниот играч во победничката екипа за која Симоновиќ постигна 13, а Волтерс 11.
Со освојувањето на шампионскиот трофеј во АБА лигата, Црвена Звезда и следната сезона ќе игра во елитната Евролига, додека Цедевита заедно со полуфиналистите Будуќност и Партизан се стекнаа со право за настап во Еврокупот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница за пратенички прашања во Собранието
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
-
Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)