Третоодделенци од кумановско основно училиште во изолација
Едно одделение од кумановското основно училиште „Христијан Карпош“ е во изолација, потврдија денеска надлежните од училиштето и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Дваесетина третоодделенци од „Христијан Карпош“ се во изолација откако позитивни на коронавирус биле учителка и професор по англиски јазик, информираше директорката на училиштето, Лидија Костиќ. Таа нагласи дека се преземаат засилени мерки за дезинфекција во ова училиште, потенцирајќи дека ова е прв случај на изолација на одделение кое следи настава со физичко присуство. Информацијата ја потврди и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, но истакна дека генерално во училиштата, како и во градинките во Куманово засега е стабилна.
Вчера и општинскиот кризен штаб апелираше на почитување на мерките и оттаму нагласија дека се зголемува бројот на заразени млади лица и нивни семејства.
Димитриевски денеска апелираше граѓаните доследно да ги почитуваат мерките и препораките на Владата за превенција од ширење на коронавирусот. Тој во изјавата за медиумите истакна дека во Куманово во моментов расте бројката на заразени, затоа е многу важно, граѓаните доследно да ги почитуваат здравствените мерки донесени од Комисијата за заразни болести и Владата. Заразените добиваат помош од здравствениот систем, нагласи Димитриевски, истакнувајќи дека вклучени се и матичните лекари кои ги следат пациентите.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
