Македонија
26. November 2019 - 13:52

Тргна помошта од Град Скопје кон Драч

Командантот на скопската бригада со 3 пожарникари добија насоки од градоначалникот и се упатија кон Драч.

Со екипата од 4 пожарникари замина и тим на градот кои со термални дронови ќе учествуваат во пронаоѓање на луѓе под рушевините. 

-Две термални дронови и едно беспилотно летало се испратени како помош на властите во Албанија. Со нив ќе се прави и мапирање на штетите кои настанаа како последица од силниот земјотрес. На утрешната седница на Советот ќе разгледаме и колкава финансиска помош можеме да испратиме, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Мирјана Давидовска