Три автомобили оштетени од заталкани куршуми
Во полицијата вчера тројца скопјани пријавиле дека автомобилите им биле оштетени од заталкани куршуми.
Околу 22:50 часот синоќа Р.В.(47) од Скопје, пријавил дека во неговото патничко моторно возило „Рено Клио" со скопски регистарски ознаки пронашол заталкано зрно непознат калибар кое го пробушило кровот на возилото. Се работи на расчистување на случајот.
Во 15:00 часот исто така вчера И.Б.(46) пријавил дека во временскиот период од 31 декември од 22:30 часот до 1 јануари до 13:00 часот на ул. „Роналд Реган“ од заталкано зрно му било оштетено задното ветробранско стакло на возило „Мерцедес“ Ц класа со скопски регистарски ознаки со што е причинета материјална штета од околу 15.000 денари.
Во полицијата вчера во 15:00 часот Ѓ.Г.(66) од Скопје, пријавил дека во времето од 20:00 часот на 31 декември 2017 до 9:00 часот на 1 јануари на ул. „Венјамин Мачуковски“, на паркинг простор, од заталкан проектил било оштетено неговото возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што е причинета материјална штета од околу 6.000 денари.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана