Три јавни објекти во Виница ќе добијат фотоволтаични системи
Зградата на локалната самоуправа, градинката „Гоце Делчев“ и гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница ќе добијат фотоволтаични системи за производство на електрична енергија.
Средствата се обезбедени како грант од Министерството за финансии преку ИПА програмата на ЕУ со проектот за подобрување на општинските услуги.
– Во моментот трае тендерската постапка за избор на фирмата што ќе ги обезбеди и инсталира фотоволтаичните панели, по што ќе биде познато колку ќе изнесува финансиската вредност на целата инвестиција. Очекуваме со нејзината реализација значително да се намалат трошоците за електрична енергија и да се зголеми искористеноста на енергија од алтернативни извори, согласно стратешките определби за заштита на животната средина. Очекуваме системите да бидат инсталирани во првата половина од оваа година, истакна градоначалникот на Виница Ивица Димитров.
Поставувањето системи за искористувањее на сончевата енергија на трите објекти ќе биде втор ваков проект во Виничко, откако кон крајот на минатата година фотоволтаични панели вредни 1,5 милион денари доби основното училиште во селото Трсино.
Вкупниот грант на национално ниво за оваа намена за 36 општини е 15,5 милиони евра од ИПА програмата и дополнителни пет милиони евра како кофинасирање од Владата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз