Македонија
8. July 2024 - 13:12

Три лица повредени, меѓу нив и малолетник кога возило излета од патот во Скопско

Синоќа во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(27) од с.Кучевиште, скопско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата М.П. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.П.(49) и еден малолетен сопатник, двајцата од с.Кучевиште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.