Три лица повредени во сообраќајка кај Струмица

На 04.02.2024 година во 21.58 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локалниот пат Струмица – село Просениково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од село Доброшинци, струмичко и патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Т.(39) од село Градско Балдовци, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и Т.Н.(47) од село Пиперево, струмичко, сопатникот во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Медицински центар Струмица.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
