Три лица повредени во сообраќајна несреќа кај Баткова чешма
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што околу 18:40 часот се случила на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма.
Медицински тим на Итната медицинска помош од Делчево интервенирал во сообраќајната несреќа која се случила кај месноста Баткова Чешма, по што трите повредени лица се префрлени во Здравствениот дом Делчево.
- Околу 19:00 часот по претходен повик во Здравствен дом Делчево донесени се три машки лица. Прегледани се во Итната помош и направени се рентген снимки на местата каде чувствувале повреди. На двете лица кои патувале заедно во својот автомобил, инаку бугарски државјани, им е направена снимка на граден кош и стапало. Двете лица се пожалиле на гушење во градите и се под присмотра на лекарите. На третото лице, кое било возач на комби, направени се рентген снимки на граден кош и стомак и му се дадени понатамошни упатства од страна на лекарите, информираат од Здравствениот дом од Делчево.
На лице место на несреќата е направен увид од страна на полицијата, но од таму дополнителни информации најавија по завршувањето на целосната истрага.
Сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма, беше во прекин поради сообраќајната несреќа
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа