Три лица убиени во пукотница во болница во САД, напаѓачот се самоубил

Најмалку три лица се убиени вчера во пукотница во болница во Тулса, во американската сојузна држава Оклахома, соопшти тамошната полиција, додавајќи дека напаѓачот е мртов.
-Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, меѓу кои и напаѓачот, во пукотница во болницата Свети Францис”, објави локалната полиција на Твитер.
Претходно од полицијата беше соопштено дека во текот на попладневните часови интервенирала кога маж со пушка влегол во зградата на болницата.
-Полицијата во моментов врши увид во сите простории во зградата за да се елиминира можната закана”, беше посочено во соопштението, како и дека „повеќе луѓе се повредени”. Градскиот советник Џејм Фаулер за локална телевизија изјави дека напаѓачот се самоубил.
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукотницата, додавајќи дека внимателно се следи ситуацијата, а на локалните власти им била понудена секаква неопходна помош.
Пукотницата во Оклахома се случува нешто повеќе од една седмица по масакрот во училиштето во Увалде во Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители.
Ново на Сител
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
-

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
