-->
-->
Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-->

Тројца родители од Скопје пријавиле дека нивните малолетни ќерки на 8 март годинава околу 13:15 часот на подрачјето на општина Аеродром биле физички нападнати од четири женски лица, при што една од нив снимала со мобилен телефон.
Случајот, како што информира МВР, бил пријавен вчера во СВР Скопје.
- На 11.03.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје, М.Д.(44), Б.И.(43) и М.Ч.(50), сите од Скопје пријавија дека на 08.03.2026 околу 13:15 часот на подрачјето на општина Аеродром нивните малолетни ќерки биле физички нападнати од четири женски лица, при што една од нив снимала со мобилен телефон – се вели во полицискиот билтен.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Авион на „Ер Канда експрес“ удри во возило на аеродромот во Њујорк
-

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини
-

Почнува судењето за железничката несреќа кај Темпи пред три години
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
