Три сообраќајки вчера на македонските патишта, повредени 12 лица

Вчера во 15 часот било пријавено дека во Куманово на улицата “11-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(26) од Куманово, и патничко моторно возило “БМВ“ со српски национални ознаки, управувано од Ј.Ц.(46) од Р.Србија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото “БМВ“, М.Ц. која била пренесана во Општата болница во Куманово. Со повреди се здобиле и уште две сопатнички од истото возило, како и возачот А.Н. и еден сопатник од возилото “Ауди“ кои биле пренесени во Општатата болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
Утрото во 10,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Гостивар, кај превојот Стража, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Ауди А6“ со скопски регистаски ознаки, управувано од М.С.(42) од Студеничани-скопско и патничко моторно возило “Фолксфаген Голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(19) од с.Вранештица-кичевско. Во незгодата со повреди се здобиле возачот од возилото “Фолксфаген Голф“ кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, потоа сопатник од истото возило како и тројца сопатници од возилото “Ауди“ кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.
Попладнето во 18,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Радовиш- Конче кај с.Ињево се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Меидуо“ без регистарски ознаки, управуван од Б.К.(20) од Конче и патничко моторно возило „Голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од К.А.(23) од с.Ињево. Во незгодата со тешки повреди се здобил сопатникот на моторциклот Р.Т.(24), а со телесни повреди се здобил моторциклистот и биле пренесени во Јавната здравствена установа-Здравствен дом Радовиш за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.
Ново на Сител
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
-

Арбен Фетаи станува специјален претставник во ЕУ – Партиите со бурни реакции
-

Повисока пензија со воведување мултифондови, а не со национализација на приватните пензиски друштва
-

Нови онлајн услуги за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците
